Граѓаните кои имаа блокирани сметки уште не ја добиле државната помош, се чекаат законските измени

Од:

Парите од еднократната финансиска помош од 6.000 денари за ранливите категории граѓани на кои не им беше исплатена поради блокирани сметки и неажурирани податоци до 25 декември 2020 ќе биде исплатена откако Собранието ќе се изјасни за законската измена, потврдуваат од Владата.

– Владата достави до Собранието измена на Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани со која се продолжува рокот на ажурирање на податоците во банките каде што имаат сметки до 31 март 2021. Законската измена ги покрива и граѓаните со блокирани сметки на кои не им беше направена исплата. Очекувањата беа дека процесот ќе заврши минатиот месец, појаснуваат од Владата.

Со измените ќе се овозможи на околу 22 илјади граѓани, кои не успеаја да ги ажурираат податоците за банкарските сметки тоа да го сторат во определен рок за да може да се изврши исплатата на помошта од по 6.000 денари. Од Владата додаваат дека парите ќе ги добијат и 2132-ца граѓани чии приговори беа прифатени.

-Владата на Република Северна Македонија прави се’ парите да стигнат до сите за кои се наменети. Токму затоа беа отстранети сите административни процедури. На седницата одржана на 29.12.2020 донесе и одлуката за дополнување на Одлуката за отворање посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, наведуваат од Владата.

Оваа мерка беше дел од четвртиот владин пакет антикризни мерки.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски