ФОТО: Граѓаните ќе избираат идејно решение за уредување на плажа на Охридското Eзеро

Од:

Граѓаните ќе избираат најдобро архитектонско решение за уредување на 500 метри плажа која се наоѓа на Охридското Езеро во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

За таа цел, Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk креира јавна анкета на која граѓаните ќе можат да учествуваат во изборот на најдоброто идејно решение.

Идејно решение бр. 1
Идејно решение бр. 1

Станува збор за пет идејни решенија, а предвидено е плажата да се изгради согласно највисоките туристички стандарди и притоа да не се наруши еко-интегритетот на околината.

– Планирана е песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Изградба на сервисен пункт кој ќе се состои од шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити, велат од ресорното Министерство.

Идејно решение бр. 2
Идејно решение бр. 2

Ќе има и простор за чадори за сонце и лежалки, а просторот за капење во Езерото ќе биде обележан заради заштита на капачите од пловни објекти. Предвидено ќе биде и место за службата за спасување.

По изборот на идејните решенија, ќе се пристапи кон изработка на основните проекти по што ќе се спроведе постапката за уредување.

Идејно решение бр. 3
Идејно решение бр. 3

По завршување на електронската анкета, Министерството за транспорт и врски ќе донесе Решение за доделување на награда и откуп на доставените идејни решенија.

Идејно решение бр. 4
Идејно решение бр. 4
Идејно решение бр. 5
Идејно решение бр. 5

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски