ВИДЕО: Граѓаните и покрај ладното време повторно пред Собранието против уставните измени

Од:

Снегот и температурите под нулата не ги спречија демонстрантите денеска повторно да излезат на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните промени.

Граѓаните кои ја блокираа улицата пред Собранието извикуваат „Македонија, Македонија“, „Предавници“, „Платеници“. Тие ги повикуваат пратениците и претседателот Ѓорге Иванов да им се придружат на протестот, како би се спротивставиле на промената на името.

На денешниот протест се очекува да се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вчера заедно со пратениците од неговата партија се придружија на протестот.

Според најавите, денеска треба да се гласаат уставните измени, кои се во третата и последна фаза, односно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог уставниот закон за прогласување на амандманите. Секој амандман се утврдува со обично мнозинство, потоа се отвора општ претрес, па претрес по текстови и секој амандман поединечно се гласа со двотретинско мнозинство. Потоа се гласа за сите амандмани заедно со двотретинско мнозинство и на крајот се дебатира и гласа за уставниот закон, за чие усвојување исто така е потребно двотретинско мнозинство.

Според најавите, последните изгласувања со двотретинско мнозинство би требало да се случат утре, откако ќе завршат расправата и изгласувањето на поднесените амндмани.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on