Граѓаните да бидат коректив во работата на општините

Од:

Здружението „НОВУС“ од Струмица во рамките на проектот „Мрежа од организации за ефикасно активно учество“, кој се спроведува од Фондацијата Метаморфозис во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а со финансиска помош од Европската унија, организираше панел-дискусија на тема „Граѓанинот како коректив во работата на општината“ во рамките на проектот „Транспарентна, отчетна и партиципативна општина по мерка на сите“.

На овој настан учествуваа граѓанските организации, претставници од администрацијата на општина Струмица, медиуми и други релевантни чинители. Панелисти беа Марјан Забрчанец и Петрит Сарачини, граѓански активисти.

11667202_10205994696460280_1066126809_n

„Денес дојдовме да споделиме сопствени ставови и искуства што може граѓанинот да направи за поотворена општина и да дадеме поддршка на локалните граѓански активизам практикуван од здружението НОВУС. Од резултатите кои што ги споделија, гледаме дека општината е отворена и достапна за граѓаните, но меѓутоа ниедна општина не може да биде толку отворена колку што граѓаните имаат потреба да комуницираат со општината. Затоа потребно е граѓаните да бараат повеќе, да прашуваат повеќе за да добијат повеќе, ако граѓаните се пасивни тогаш одговорот од другата страна ќе биде нас никој не не прашал, граѓаните не се заинтересирани. Затоа е потребен да се интензивира граѓанскиот притисок, а ако е неопходно и граѓански пркос и граѓански отпор. Потребно е граѓаните сами да се организираат, било во вертикала или хоризонтала, како што се пленумите, форма која што може да се применува и на локално и на централно ниво“ рече Марјан Забрчанец, граѓански активист.

Целта на панел дискусијата беше да се поттикне граѓанинот да биде коректив во работата на општината, да биде активен за да има позитивни промени. Воедно, на овој настан се дискутираше и беа понудени ефективни примери како да се зголеми учеството на граѓанинот во тековните политички општествени процеси.

11275626_10205994696540282_1428727481_n

„Во повеќе општини во Македонија се одвиваат различни проекти кои што имаат за цел да ја зголемат транспарентноста на општините и да најдат нови начини за вклучување на граѓаните во процесот на носење на одлуки. Од искуството на МИМ и од други организации како НОВУС, гледаме дека некои од тие механизми се функционални, некои се само формални. Тоа што е нужно и есенцијално е медиумите да ги артикулираат потребите на граѓаните, да ги информираат граѓаните и критички да го опсервираат дејствувањето било на општините, било на власта на централно ниво. Без таква соработка меѓу медиумите и граѓанскиот сектор, а се во полза на правата и барањата на граѓаните, нема да има успех. Се надевам дека медиумите во Струмица се свесни и одговорни и дека заедно со граѓаните овие механизми кои што се детектирани како успешни, не само што ќе ги одржат на ова ниво, туку и ќе ги унапредат понатаму“, рече Петрит Сарачини, граѓански активист и новинар.

Од здружението „НОВУС“ истакнаа дека до крајот на месец јуни ќе биде презентирано комплетното истражување, анализи и интервјуа за транспарентноста, отчетноста и партиципативноста на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ