Граѓани во Аеродром и Велес измамени со огревни дрва

Од:

Во полицијата вчера биле пријавени два случаја на измами со огревни дрва, во Аеродром и во Велес.

Во Полициската станица Аеродром Р.Т.(63) пријавила дека на 1 август околу 12 часот на булеварот „Трета македонска бригада“ непознат сторител ја измамил за 14.000 денари.

Додека истоварал огревни дрва кај нејзин сосед, измамникот и понудил на Р.Т. дрва за цена од 2.800 денари. Таа се согласила да и се донесат пет кубика и му дала 14.000 денари, а сторителот откако ги зел парите рекол дека ќе оди да го донесе камионот, но не се вратил.

На сличен начин вчера бил измамен и 67-годишниот Т.К. кој случајот го пријавил во Полициската станица во Велес.

Околу 14 часот вчера во неговиот дом на улицата „Никола Оровчанец“ дошло непознато лице кое се претставило дека бил од село Бузалково и му понудило на продажба огревно дрво по цена од 2.300 денари за метар кубен.

Пријавителот се согласил и потоа заедно отишле кон местото каде требало да ги земе дрвата. Лицето му рекло да почека да дојде камионот со дрва, а тој ќе одел да донесе испратница.

Тогаш измамникот се вратил во домот на оштетениот и од неговата сопруга побарал 4.700 денари за дрвата што требало да им бидат доставени. Ги зел парите и заминал.

Оштетениот Т.К. почекал околу еден час по што се вратил дома. Кога сопругата му кажала што се случило, сфатиле дека се измамени.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он