А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ одбележува 70 години од постоењето

by А1он06/11/2015 - 12:48201
Share0

Со повеќе активности Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје следната недела ќе го одбележи јубилејот-70 години од постоењето.

Добивај вести на вибер

В понеделник во 11 часот во употреба ќе биде пуштена реновираната билбиотека „Стале Попов“. Во вторник во истиот термин ќе биде пуштена во употреба реновираната бибиотека „Карпош“, а вечерта со почеток во 19 часот ќе има „Вечер на читателите“. В среда на пладне ќе има средба со пензионерите.

Свеченото одбележување на јубилејот ќе биде в четврток, 12 ноември во библиотеката, каде е предвидено да се обрати в.д. директорката Гордана Петревска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Проф. д-р Виолета Мартиновска ќе ја промовира монографијата „70 години Градска библиотека Браќа Миладиновци-Скопје“. Ќе бидат доделени пофалници на истакнати работници и плакети на Град Скопје и на Министерството за култура.

На денешната прес-конференција в.д. директорката Петревска рече дека имаат одлична соработка со Град Скопје и додаде оти се задоволни од постигнатите резултати. Најави дека акцент ќе стави на набавката на нови книги.

Петревска информира дека заклучно со октомври годинава имаат 12.830 читатели, а издадени се 99.924 книги. Лани имале 18.721 читател, а издадени се 133.211 книги. Рекорден број на читатели, 22.204 имало во 2009 година, а рекорден број на позајмени книги, 255. 999 во 2010 година.

Бибилотеката  „Браќа Миладиновци“ почнала со работа на 15 ноември 1945 година. Организациски во моментов располага со една матична куќа, три централни „Цветан Димов“, „Страшо Пинџур“ и „Другарче“ и 14 клона. Има и подвижна билиотека која ги опслужува училиштата пред се во руралните средини каде нема библиотеки.

biblioteka

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“

А1он08/04/2025 - 20:56

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:1718/12/2024 - 17:07

Се зголемува книжниот фонд на кочанската библиотека „Искра“

Наум Локоски22/05/2017 - 16:01

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ одбележа 70 години постоење

Ана Ололовска12/11/2015 - 14:53

Седумдесет години библиотека „Браќа Миладиновци“

Ана Ололовска12/11/2015 - 08:27

Пуштање во работа на реновираната библиотека „Карпош“

Ана Ололовска10/11/2015 - 08:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен