А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ одбележа 70 години постоење

by А1он12/11/2015 - 14:53257
Share0

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска го одбележа својот јубилеј-70 години од постоењето.

Добивај вести на вибер

В.д. директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Гордана Петревска се осврна на почетоците и развојот на институцијата, на нивните обврски и задачи.

– Градската библиотека има големо значење за градот и за нејзините граѓани. По значење може да се изедначи со универзитетот. Таа го креирала и го издигнувала духовниот развој на граѓаните на Скопје, била место каде се одвивал богат културен живот, се одржувале многу литературни средби, промоции, се распишувале литературни и ликовни конкурси, се одржувале семинари и трибини, се поставувале изложби, се одбележувале годишнини…, рече Петревска.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека библиотеката е една од најстарите и најзначајните културни институции во главниот град која, како што рече, одиграла голема улога во многу сфери од севкупното живеење во Скопје.

– Огромен број на граѓани, читатели, ученици, студенти тука ги црпеле своите знаења и ова е сведок за културниот развој на Скопје и на Македонија, рече Трајновски.

На настанот беше промовирана и монографијата „70 години Градска библиотека Браќа Миладиновци“.

– Во монографијата може да се види основањето, развојот и функционирањето на библиотеката во изминатите 70 години, рече Трајановски.

В.д. директорката Петреска на Министерството за култура и на градоначалникот Трајановски им врачи плакети за посебен придонес во развојот на библиотеката и остварената заемна соработка по повод јубилејот 70-години Градска „Библиотека Браќа Миладиновци“.

Бибилотеката  „Браќа Миладиновци“ почнала со работа на 15 ноември 1945 година. Организациски во моментов располага со една матична куќа, три централни „Цветан Димов“, „Страшо Пинџур“ и „Другарче“ и 14 клона. Има и подвижна билиотека која ги опслужува училиштата, пред се во руралните средини каде нема библиотеки.

Во рамки на 70-годишниот јубилеј на библиотеката, изминативе денови беа пуштени во употреба реновираните библиотеки „Стале Попов“ и „Карпош“, се одржа „Вечер на читатели“ и средба со пензионерите.

biblioteka

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“

А1он08/04/2025 - 20:56

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:1718/12/2024 - 17:07

Се зголемува книжниот фонд на кочанската библиотека „Искра“

Наум Локоски22/05/2017 - 16:01

Седумдесет години библиотека „Браќа Миладиновци“

Ана Ололовска12/11/2015 - 08:27

Пуштање во работа на реновираната библиотека „Карпош“

Ана Ололовска10/11/2015 - 08:19

Пуштена во употреба реновираната библиотека „Стале Попов“-Скопје

Ана Ололовска09/11/2015 - 12:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен