ФОТО: Градоначалникот Заев на симулациска вежба за гасење шумски пожар

Од:

Градоначалникот Зоран Заев денеска присуствуваше на координативната симулациска вежба за гасење шумски пожари која се реализираше на локалитетот Чам Чифлик кај Струмица. Целта на вежбата беше подобрување на капацитетите на општината во справување со шумски пожари и зајакнување на координативните активности на локалните и државните органи и институции.

Сите учесници во вежбата одлично си ја завршија работата и демонстрираа максимална подготвеност за дејствување во вакви ситуации.

pozar

-Организирањето и имплементирањето на обука, тренинг и вежби за заштита и спасување од пожари на отворен простор е активност која заслужува поддршка и максимална сериозност од сите органи и институции кои директно или индиректно се вклучени во справувањето со огнената стихија. Наша должност е да ја заштитиме природата и ресурсите што таа ни ги дава, особено да ги заштитиме животите на нашите сограѓани и нивните материјални добра кои можат да бидат загрозени во случај на пожар.

Минатогодишната трагедија од 24 јули во која пламените јазици беа причина за прераната херојска смрт на четворица наши сограѓани и за повредите здобиени од пожарот на уште неколкумина сограѓани, треба да биде наш незаборав, наша опомена и наша лекција. Токму затоа, повеќе од неопходно е организирање на ваков вид обуки и вежби кои ќе ни овозможат да направиме проверка на плановите за заштита и спасување на Општина Струмица и на Шумското Стопанство Беласица. Истовремено вежбовните активности ќе ја покажат подготвеноста, спретноста, меѓусебната соработка и координацијата за постапување и спроведување на соодветни протоколи и стандардни процедури за справување со шумски пожари од страна на повеќе институции, рече градоначалникот Заев.

За вежбата и нејзиното значење зборуваа и Алесандро Фракасети постојан претставник на УНДП во Македонија и претставникот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Денешната симулациска вежба е во рамките на проектот „Координативни активности за поддршка на општина Струмица за пожарите„ финансиски поддржан од УНДП, а го подготви општина Струмица на барање на градоначалникот Зоран Заев.

Во вежбата учествуваа сите локални и државни органи и институции кои заедно го градат системот за заштита и спасување од шумски пожари.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски