Градоначалникот Заев меѓу лицата со телесен инвалидитет во Банско

Од:

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев присуствуваше на традиционалната тортијада која во организација на здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ викендот се одржа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско.

На петнаесеттата тортијада учествуваа околу триесет членови на 13 здруженија од Македонија и гости од Бугарија и Србија.

Од вештите раце на лицата со телесен инвалидитет беа направени тринаесет прекрасни торти преку кои упатија заедничка порака дека и тие можат и умеат како и сите други во заедницата. Истовремено, се одржа и осумнаесеттото издание на музичките средби на лицата со телесен инвалидитет од Македонија.

Добредојде од името на општината на присутните им посака градоначалникот Зоран Заев и им се заблагодари што остануваат верни на традицијата и овие средби ги одржуваат во Банско.

Посакувајќи им многу здравје, среќа и успеси на сите полиња на членовите на здруженијата од цела Македонија, тој изрази надеж дека Струмица и во иднина ќе ја има честа да биде домаќин, но и помагател на овие манифестации.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски