Градоначалникот Заев ќе го отвори Европското првенство во спортска ориентација

Од:

Општина Струмица е домаќин на најмасовното спортско натпреварување во Република Македонија, 14-то по ред Европско првенство во спортска ориентација во младинска конкуренција. Официјалната програма почна вчера, а европскиот шампионат свечено, вечерва на градскиот плоштад, ќе го отвори градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој е и покровител на првенството.

EYOC-Bulletin-No.-4-FINAL 3

-Струмица беше домаќин на многу меѓународни натпревари, турнири и европски првенства во различни спортови и секогаш доби позитивни повратни информации за гостопримството. Овој пат, предизвикот е уште поголем. Им посакувам пријатен престој на сите учесници кои ќе учествуваат на Европското првенство во Струмица  и   на трката нека победи најдобриот тим. Посакувам овој настан да биде причина и за големо пријателство меѓу учесниците и да се создадат моменти кои ќе останат засекогаш врежани во нивните спомени. Тоа ќе биде чест за мене и општина Струмица, да се спонзорира и да се биде домаќин на настан како овој, им порача градоначалникот Заев на учесниците на првенството.

На овој шампионат учествуваат околу 400 натпреварувачи во машка и женска конкуренција во категориите до 16 и 18 години од 33 европски држави што е рекорд по бројот на национални тимови на едно вакво натпреварување во младинска конкуреција.

bulletin-cover2

Паралелно, овие денови на градскиот плоштад во Струмица, но и на локалитетот „Суви Лаки“ ќе се одржат и трките од „Струмица опен 2014“ на кој ќе учествуваат околу 400 натпреварувачи од 20 европски држави, а една трка ќе се бодува и во рамките на Светската лига во спортска ориентација.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски