Градоначалникот Заев им го честиташе второлигашкиот статус на фудбалерите на „Тиверија“

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска во својот кабинет ги прими фудбалерите на ФК „Тиверија“ кои обезбедија второлигашки статус. Тој му го честиташе успехот на тимот кој ја обезбеди титулата во третата фудбалска лига исток, а преку бараж натпревар успеа да се пласира во Втората лига.

За возврат, управата и фубалерите на „Тиверија“ на градоначалникот Заев му го врачија победоносниот третолигашки пехар кој ги однесе во второто по ред најквалитетно фудбалско натпреварување, но му врачија и топка и дрес со неговото име за континуираната поддршка што им ја дава.

– Направивте голем успех и донесовте радост на Струмица. Со вашата работа, тренинзи, пуштивте огромна позитивна порака до сите лубители на фудбалот во Струмица. Сакам од името на сите струмичани, но и од мое лично име да ви ја честитам третолигашката титула, успехот во Баражот и да ви посакам реално многу труд во иднина за да се позиционирате во Првата фудбалска лига на Македонија. Се надевам дека второлигашкито статус ќе привлече внимание и кај останатите спонзори од Струмица за да сите заеднички се избориме Тиверија да дојде во фудбалската елита, рече градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Тој денеска, освен фудбалерите на Тиверија, ги прими и членовите на стручниот штаб на РК „Струмица Зомимак М“ кој шампинатот го заврши на третата позиција и обезбеди излез во ракометна Европа. Стручниот штаб му додели благодарница, но и сребрен медал од Ракометниот Куп на Македонија во знак на благодарност за подршката што градоначалникот и општината ја даваат за ракометот.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски