Градоначалникот Трајковски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Од:

Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние.

На средбата, како што соопшти општина Гази Баба, Трајковски на амбасадорот му го претставил профилот на општината, индустриските капацитети, развојот на културата, спортот, образованието, капиталните проекти и развојните капацитети на општината. Ја потенцирал и изградбата на Културниот центар во Автокоманда, кој се прави со јавно-приватно партнерство со француската музичка продукција „ФАМЕС“.

Амбасадорот Тимоние изразил задоволство од соработката на општината со едната од петте водечки музички продукции во светот за изработка на филмска музика „ФАМЕС“.

– Градоначалникот и амбасадорот се договорија да ја продлабочат соработката на полето на културата и бизнис заедницата, со што во иднина би се отвориле можности за збратимување на некоја општина од Франција, која е слична по нејзината структура, со општина Гази Баба, се вели во соопштението од општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

Ученици од Гази Баба за излет до паркот во Гази Баба платиле по 250 денари за автобус: Колку чини една школска екскурзија

Орце Костов

Возачите минуваат на среќа: 26 дена нема сигнализација на најфрекфентниот железничкиот премин во Хиподром

Орце Костов