Градоначалникот Таравари нема да толерира дивоградби во Гостивар

Од:

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари по посетата на две градилишта во градот на инвеститорите им даде рок од една недела да се урнат градбите кои се надвор од одобренијата за градање.

Таравари заедно со раководителот на секторот за урбанизам и овластените градежни инспектори денеска излегоа на терен и одблизу се запознаа со текот на гградење на колективни згради. По извршениот увид, било утврдено дека во два случаја има отстапување од градежната дозвола и дека градењето се одвива вон габаритот предвиден со постојните деталните урбанистички планови.

Градоначалникот Таравари нагласи дека нема да го менува ставот да нетолерира градењето на „диво“ и на инвеститорите им остави рок од седм дена да ги вратат објектите во согласност со дозволата за градба.

– Сум истакнал повеќе пати, толеранцијата за градење на „диво“ ќе биде нула. Денеска откривме два случаја на градење вон дозволата за градба. Инвеститорите имаат една недела рок да ги срушат доградбите и да продолжат да го градат објектот во согласност со градежната дозвола. Во спротивно, ние ќе постапиме според нашите надлежности и обврски, рече градоначалникот Таравари.

Од Општина Гостивар упатија апел до инвеститорите за строго придржување на прописите, издадените дозволи, правилата и стандардите при градење, а граѓаните се охрабруваат до надлежните органи да пријават случаи на нелегално градење.

Би можело да ве интересира

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?