Градоначалникот Пецаков, позитивен на Ковид-19, се изгушка со половина Охрид, лекарите стравуваат од огромен кластер

Од:

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, место да седи во изолација по направен тест за Ковид – 19 се појави на одбележувањето на Водици на 19 јануари, се гушкаше со граѓаните, се ракуваше со гостите, а по прославата добил позитивен тест. Охриѓани кои биле во контакт со него се распаметени и во паника бараат термини за тестирање, откако дознале дека градоначалникот е позитивен на Ковид- 19, а паника се шири и во останатите градови оти Охрид за Водици е „Македонија во мало“.

Во небрано се нашла и охридската епидемиолошка служба, каде што неофицијално, градоначалникот Пецаков инсистирал да не добие изолација, но неговите настојувања не биле послушани.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдија дека градоначалникот Пецаков добил решение за изолација по позитивен тест на коронавирус, а потсетуваат дека и  се уште важат правилата секој што се тестира веднаш да се изолира.

„Во сила се препораките на Комисијата за заштита од заразни болести дека лицето кое се тестира, до добивање на резултатот останува во изолација. Секое лице кое по тестирањето ќе добие позитивен тест на Sars Cov 2, е во изолација од моментот на добивање на резултатот. Понатамошниот тек на болеста го следи матичниот лекар и во зависност од симптоматологијата изолацијата трае 10 дена за асимптоматски и 20 дена за лица со симптоми“, велат од Инспекторатот за „А1он“.

Градоначалникот Пецаков не одговори на повиците и на пораките од „А1он“. Го прашавме зошто по тестирањето не се изолирал, но тој не одговори.

Неофицијално освен него, позитивен тест на коронавирус добил и секретарот на Општината Александар Китески. Здравствените власти од Охрид велат дека најмалку 300 контакти на градоначалникот веќе побарале тестирање, но стравуваат дека кластерот ќе биде многу поголем.

Од МВР засега нема известување за казна за градоначалникот Пецаков.

Би можело да ве интересира

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Апасиев му „честиташе“ на новиот спикер: Рипката пушти ја во езероно, нек ја фатит Пецак зш многу местит тендери

Петковски: Нов скандал, Пецаков набавува препарати од алги за 24.000 евра од донатор на ДПМНЕ

Кузеска: Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач, нов скандал со градоначалниците на ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски