Градоначалникот на Штип вработи бездомник

Од:

Штипскиот градоначалник, Илчо Захариев, го посети бездомникот Фејзула Азисов, за кој медиумите информираа дека останал без живеалиште и разговараше за негов работен ангажман, пренесе Нетпрес.

Азисов кој во моментов спие на отворено кај една од штипските перални за автомобили во населбата Сењак, го посети градоначалникот за да ги види условите за живот и да се утврдат можности за конкретна поддршка, со што ќе му се овозможи на Азисов да добива средства со кои ќе се издржува и ќе си обезбеди кров над главата.

Како што напомена градоначалникот Захариев, во идниот период Азисов ќе биде ангажиран околу расчистувањето на коритото на река Брегалница за што ќе добива соодветен надомест, како ангажиран работник во јавните работи. Надоместот кој ќе го добива за почеток, ќе му овозможат услови да обезбеди кров над глава и средства за исхрана.

По објавувањето на информацијата, Азисов доби неколку кутии на прехранбени производи, но истата ја подели со сиромашни семејства, напоменувајќи дека сака чесно да си го заработува лебот за што му е потребна само работа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски