Градоначалникот на Штип Благој Бочварски стапи на функција

Од:

Новиот градоначалник на Штип, Благој Бочварски денеска влезе во кабинетот, каде што го пречека шефот на кабинетот, но не и претходниот градоначалник, Илчо Захариев.

Бочварски во својата прва изјава како градоначалник вети дека ќе работи транспарентно заедно со администрацијата, јавните претпријатија, училиштата и останатите институции кои се под ингеренции на локалната власт.

Прашан како го доживува неприсуството на претходниот градоначалник при примопредавање на кабинетот и на функцијата, Бочварски истакна дека за разлика од сите општини во земјава каде на културен и демократски начин се врши примопредавањето, тоа во Штип не било случај.

– Како и да е, ќе беше добро претходниот градоначалник да е овде да ги размениме мислењата, да бидам запознаен од прва рака со се она што се случува до овој момент во општината, со состојбите на сметката, со сите состојби во јавните претпријатија, со сите проекти, потоа со состојбата во администрацијата и ќе беше важно тие влезни информации да ги добијам од прва рака. Но, еве доколку е таа одлуката да не биде присутен тука претходниот градоначалник, јас не можам ништо повеќе околу таа работа. Овде сум и со шефот на кабинетот, вели Бочварски.

Тој истакна дека денеска веќе ќе ги има и првите средби со директорите на јавните претпријатија и со раководителите на секторите во општина Штип. Прв проблем кој веднаш треба да го реши е исплатата на задоцнетата плата на околу 400 вработени во штипското Комунално претпријатие „Исар“.

– Јавното претпријатие „Исар“ не може да земе плата, нема доволно пари на сметката, а веќе поминуваат роковите за да се земе платата за минатиот месец и така морам заедно со нив да почнам да работиме, да соработуваме за, пред се, граѓаните, вработените да видат благодети и да си ја добијат заслужената плата, рече Бочварски.

Новиот градоначалник Бочварски денеска во присуство на сите советници од СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ го доби и уверението за четиригодишниот мандат.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски