Градоначалникот на Ново Село и уште четири лица се гонат за криумчарење цигари од страна на ОЈО

Од:

Основното јавно обвинителство од Струмица до судот достави обвинение против пет лица за сторено кривично дело криумчарење. До судот во Струмица доставен е и предлог за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети. Меѓу обвинетите е и градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев.

„Обвинетите се товарат дека на 10 јули 2018 година, заеднички како соизвршители, избегнувајќи ја царинската контрола се занимавале со пренесување на непријавени стоки – цигари од значителна вредност. По претходен меѓусебен договор, двајца од обвинетите во с. Ново Коњарево во две теренски возила натовариле 66 картонски кутии во кои имало 32.980 кутии цигари од марката „Калипсо“, пишува во соопштението од Обвинителството.

„Заедно со уште двајца обвинети со возилата се упатиле по полскиот пат кон селото Бадилен, продолжиле кон граничниот појас помеѓу Република Македонија и Република Бугарија каде петтиот обвинет кој ги чекал, имал задача да го надгледува теренот за да извести за евентуално присуство на полицијата. При нивното пристигнување во местото Попина Чука, на два километри од границата биле откриени и фатени од полициски службеници“, се додава во соопштението.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски