(ВИДЕО) Градоначалникот на Куманово во полициска станица

Од:

Градоначалникот на Куманово и неговиот соработник од општината се во полициската станица во Куманово. Сеуште не е позната точната причина поради која се во полиција, а каде веднаш се појавија неколку стотини жители.

Според полицијата од Куманово, непотребно се кревала паника, се работело за рутинска контрола да се утврдело кое е лицето што возело службено возило на општината, а во кое имало плакати со ликот на носител на листа во изборна единица.

За ова се известени и набљудувачите на ОБСЕ, а градоначалникот по разговорот во полициската станица ќе даде изјава.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен