Градоначалникот на Куманово побара помош од Владата за справување со поплавите

Од:

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, побара помош од надлежните институции и од Владата за справување со штетите предизивикани од поплавите кои ја зафатија општината.

По оддржување на состанокот на Штабот за заштита и спасување, според градоначалникот првичните проценки за настанатите штети се движат од четири до пет милиони евра.

– Околу 300 граѓани, особено од социјално ранливи категории претрпеа штети на домовите, така што за нив ќе мора да обезбедиме сместување. Побаравме помош од Министерството за одбрана за овие граѓани претежно од ромската етничка заедница да ги сместиме во еден од објектите на порашената касарана “Х.Т Карпош”, рече Дамјановски.

Тој истакна дека на теренот се ангажирани екипи од јавните претпријатија “Водовод” и “Чистота и Зеленило”.

Дамјановски информираше дека огромни штети има во населените места Долно Коњаре, Речица, Средорек, Пчиња, Довезнце, Клечовце и други места.

Во Куманово од утре, граѓаните кои претрпеа штета ќе може да достават и барање за обештетување. Проценката на штетите ќе биде доставена прво до Советот на општината, а потоа и до Владата.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он