Градоначалникот на Кисела Вода оствари средба со Луиза Винтон

Од:

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, денес оствари средба со постојаната претставничка на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон. На средбата се дискутираше за продолжување на соработката преку која оваа престижна институција и овозможи на Општина Кисела Вода реализирање на повеќе проекти, пред се на полето на енергетската ефикасност и подобрувањето на условите во воспитно образовните установи. Од страна на градоначалникот Темелковски беа презентирани потребите на жителите на овој дел од градот, и заедно со г-ѓа Винтон ги утврдија можностите за реализација на следни заеднички проекти.

Инаку, и во моментов, во Општина Кисела Вода е во тек реализација на еден проект кој се реализира во соработка со УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и преку кој времено, во јавните детски градинки, работно се ангажирани негуватели и образовни асистенти. Средствата за реализација на оваа проектна активност се обезбедени од страна на УНДП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on