Градоначалникот на Центар подели 150 пакети на граѓани од семејства со висок социјален ризик

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Лиридон Бафтији, и претставници од невладината „Банка за храна Македонија“ во дворот на Општина Центар поделија социјални пакети.

Пакетите со основни прехранбени и хигиенски производи ги добиваат 150 жители од семејства со висок социјален ризик, врз основа на претходно доставен список од Министерството за труд и социјална политика.

„Хуманоста и добрите дела не признаваат вери, етнички припадности и граници. Секој месец заедно со нашите партнери од Банка за храна Македонија, во континуитет го спроведуваме проектот ‘Нула глад’. Се грижиме за сите и секој еден жител во општината ни е подеднакво важен. Затоа, со овие пакети на нашите сограѓани им помагаме полесно да го поминат месецот“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Во текот на викендот градоначалникот Герасимовски и директорот Бафтији им поделија социјални пакети и на седумте згрижувачки семејства во општината кои згрижуваат 25 деца.

Денешната акција се спроведува во рамките на проектот „Нула глад“ кој општината го реализира во соработка со невладината организација „Банка за храна“. Проектот има за цел помош и поддршка на социјално загрозените семејства, а преку него општината дава свој придонес во справувањето со сиромаштијата и гладот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар