Градоначалникот на Бурса, Реџеп Алтепе, во посета на Штип

Од:

Турска делегација, предводена од градоначалникот на Бурса, Реџеп Алтепе, денес беше во посета на Штип, каде што оствари средба со градоначалникот Илчо Захариев.

На средбата беше разговарано за понатамошните чекори што би ги презеле овие две општини на планот на продлабочување на соработката меѓу Македонија и Турција.

„Целта на нашата средба е да ги определиме насоките за понатамошна соработка меѓу општините. Ние не сме во позиција да им наложуваме на турските бизнисмени каде да инвестираат, но преку ваквите средби можеме да утврдиме каде има најповолна клима за инвестирање и да ги насочиме идните инвеститори. Пред неколку дена, со помош на општината, наш пријател инвестираше во Валандово, а се надеваме дека во иднина дел од турските инвеститори ќе инвестираат токму во Штип“, изјави градоначалникот на Бурса, Реџеп Алтепе.

IMG_0043

Захариев истакна дека ваквата средба е погодна почва за продлабочување на соработката и се надева дека со помош на својот колега од Бурса ќе успеат идните турски инвеститори да ги убедат да инвестираат токму во Штип.

„Се надевам дека со мојот колега Алтепе ќе имаме можност заеднички да отвориме некоја инвестиција во Штип. Јас веќе го информирав за потенцијалите на Штип. како и за фактот дека во Штип веќе имаме една одлична турска инвестиција“, изјави градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.

Во наредните неколку дена турската делегација ќе посети уште неколку града во Македонија, меѓу кои и Валандово, каде што веќе е отворен нов производствен погон, кој претставува директна турска инвестиција.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он