Градоначалникот Владимир Талевски, му забрани на „Цивил“ да одржи настан во Битола рамките на иницијативата „Социјална правда сега!“. Како што велат од невладината, настанот бил уредно најавен во јавноста, како и во битолската полиција.
– Образложението на Талевски не можеше да биде поевтино. Наводно, просторот е зафатен од Битфест, кој започнува на 25 јуни.
Се работело за околу два квадратни метри, колку што зафаќаат масичката за проекторот и платното за проекција, што биле потребни да се одржи овој настан.
„Ова е неприфатливо однесување на локалниот моќник во Битола, кој очигледно не е заинтересиран за социјалната правда во неговата општина, а кон јавниот простор се однесува како да е негов приватен двор.
Талевски, кои се вистинските мотиви за забраната за одржување на овој двочасовен настан на Цивил?
Досега, во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“ ЦИВИЛ одржа настани во Штип, Кавадарци, Велес, Скопје и други градови, а утре ќе одржи настан во Прилеп.
За 15 години, колку што постои, на ЦИВИЛ никогаш не му бил забранет ниеден јавен настан. Талевски ќе го запомниме по оваа дрска забрана“, реагираат од „Цивил“.
Оваа вест е потсетување на минатата година од страна на Цивил, за тоа како се однесуваше градоначалникот кон невладините организации.