Градоначалникот на Битола забрани јавен настан на ЦИВИЛ

Од:

„Градоначалникот на Битола, Владо Талески, му забрани на ЦИВИЛ да одржи настан во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“, уредно најавен во јавноста, како и во битолската полиција. Образложението на Талески не можеше да биде поевтино. Наводно, просторот е зафатен од Битфест, кој започнува на 25 јуни.

Инаку, зборуваме за не повеќе од два квадратни метри, колку што зафаќаат масичката за проекторот и платното за проекција, потребни да се одржи овој настан.

Ова е неприфатливо однесување на локалниот моќник во Битола, кој очигледно не е заинтересиран за социјалната правда во неговата општина, а кон јавниот простор се однесува како да е негов приватен двор“, велат од ЦИВИЛ.

Скенирано Известување

„Талески, кои се вистинските мотиви за забраната за одржување на овој двочасовен настан на ЦИВИЛ?

Досега, во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“ ЦИВИЛ одржа настани во Штип, Кавадарци, Велес, Скопје и други градови, а утре ќе одржи настан во Прилеп.

За 15 години, колку што постои, на ЦИВИЛ никогаш не му бил забранет ниеден јавен настан. Талески ќе го запомниме по оваа дрска забрана“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски