Градоначалникот Јаневски во посети низ училиштата во Струмица

Од:

Градоначалникот Коста Јаневски со соработници од Одделението за образование на општина Струмица, денеска, го посети Основното општинско училиште „Видое Подгорец“ и при тоа оствари работна средба со директорот на училиштето, Леонид Танчев.

Во рамките на посетата беа разгледани условите за работа, а се разговараше и за подобрување на инфраструктурата на спортските игралишта, училишниот двор, санитарните јазли, спортската сала и училниците.

Градоначалникот Јаневски беше запознат и со основните податоци од дејноста на училиштето, преку бројната состојба на учениците која изнесува 993, од кои 504 се момчиња, а 489 девојчиња, а во воспитно – образовниот процес се вклучени 76 вработени.

По Основното општинско училиште „Видое Подгорец“, градоначалникот Јаневски ќе ги посети сите воспитно-образовни установи во општина Струмица, а целта е остварување на програмските заложби на Градоначалникот и Советот на општина Струмица за унапредување на воспитно-образовниот процес преку подобрување на условите за работа.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски