Градоначалникот Јаневски во посета на Турското маало

Од:

Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници денеска ги посети жителите на улицата „Братство“ во Турското маало во Струмица. Со нив разговараше за реализираните градежни зафати во изминатите месеци со кои се решија значајни проблеми, но и се дискутираше што треба следно да се работи за да се подобрат условите за живот во овој дел од градот.

Градоначалникот Јаневски истакна дека тука беа изведени неколку проекти кои имаа добар прием кај граѓаните.

– Се изведоа двата крака на улицата „Братство“ со еден солиден потпорен ѕид помеѓу нив во должини од 80, 30 и 90 метри. Тоа е солидна инвестиција која што ќе го подобри квалитетот на животот на овие луѓе, а има уште една улица која што ја бетониравме во должина од 225 метри во близина на Турските гробишта, рече градиначалникот Јаневски.

Додаде дека има повеќе барања од граѓаните во Турското маало, но и дека тој и Советот на Општината се отворени за соработка и се подготвени овие проблеми еден по еден да ги решаваат.

Задоволни од досега направеното, жителите на улицата „Братство“ на градоначалникот Јаневски му се заблагодарија и му подарија бројаница, која ќе го потсетува што е направено, но и што треба да се направи во овој дел од градот.

Би можело да ве интересира

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ