Градоначалникот Јаневски оствари средба со министерот Ахмедовски

Од:

Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски.

– На средбата се разговараше за актуелната состојба на Ромите, а се разгледуваа и можностите за подобрување на нивните услови за живот преку заеднички активности на Владата на Република Македонија и општина Струмица, со вклучување на граѓанските организации, кои работат на оваа проблематика, информираа од општина Струмица.

Посебен акцент на средбата бил ставен на решавањето на инфраструктурните проблеми и станбеното прашање на ромското население.

И Јаневски и Ахмедовски ја потврдиле желбата за продолжување на соработката во имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски