Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Од:

МВР поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 1.8.2018 по јавен оглас од 25.6.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување согласно член 98 став 1 алинеа 3, а во врска со член 98 став 5 алинеја 9 и 10 од Законот за административни службеници. Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.

Би можело да ве интересира

Зохран Мамдани: Трамп нема да ме заплаши

А1он

„Културна кауза“ во Делчево – спој на музика, поезија и мултимедијални содржини

А1он

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Александар Трајановски: Скопје мора да напредува – со визија, солидарност и конкретни решенија

А1он

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

Казна од 350 евра за навредлива порака до градоначалникот на Подгорица

А1он