Градоначалниците ќе ја применуваат владината Алатка за отчетност на трошоците

Од:

Владата денеска соопшти дека го поздравува заклучокот на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) да им препорача на сите градоначалници да започнат да ја применуваат Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции,

– Оваа одлука добива на уште поголемо значење ако се земе предвид фактот дека локалната власт во Република Македонија е целосно независна во креирањето на своите политики, и затоа прифаќањето на оваа препорака говори за високата свест и на претставниците на локалната самоуправа за значењето на транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и на ниво на единиците на локалната самоуправа, соопшти денеска владината служба за информирање.

Одлуката на УО на ЗЕЛС доаѓа по остварената работна средба меѓу министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и Петре Шилегов, како претседател на УО на ЗЕЛС, на која разговараа за можностите, Алатката за отчетност која Владата ја применува за службените трошоци на министрите и другите носители на јавни функции, да се применува и во рамки на локалната власт.

– Софтверското решение на оваа алатка овозможува лесно да се пребарува низ трошењата на избраните функционери и да се прави споредба на трошоците по типови на трошоци, и во различни временски интервали, и првпат во политичката пракса во Република Македонија, на најотворен, најтранспарентен начин, се става на увид работењето државните службеници и на избраните функционери, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски