Градоначалници од југоистокот бараат средба со Заев за референдумите за рудниците

Од:

Градоначалници од седум општини од Југоисточниот регион по денешниот состанок во Валандово побараа најдоцна до утре да се сретнат со премиерот Зоран Заев за да разговараат за доделените концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини и референдумите за отворањето рудници во тие општини.

Градоначалникот на Дојран Борче Стамов изјави дека го повториле заклучокот од последната седница на Југоисточниот плански регион и барањето Владата да се произнесе за прашањата на иницијативите за референдуми во југоистокот на државата за веќе доделените концесии за рудници, со кои, рече Стамов, се бара од општините да преземат дејствија кои се надвор од нивните надлежности.

– Констатиравме дека, иако Владата има законска обврска да се произнесе и да донесе соодветни одлуки за доделените концесии за истражувања или експлоатација на минерални суровини по веќе двата одржани референдуми во Гевгелија и Богданци, се уште нема доставено никакво известување, ниту се има јавно произнесено по ова важно прашање за граѓаните од сите општини во регионот, изјави Стамов.

Општините, потенцира, со одржувањето на референдумите, ќе потрошат големи финансиски средства за кои сметаме дека е подобро да се искористат за инвестиции во инфрастуктура, обрзование, туризам или други области, а на крајот не произведуваат никакви правни обврски за локалните самоуправи.

– Единствено резултатите од референдумите можеме да ги доставиме до Министерството за економија односно Владата. Поради тоа, бараме итен состанок со премиерот Зоран Заев, во врска со доделените концесии за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини. Состанокот бараме да се одржи најдоцна утре и на него да присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, министрите за економија и за животна средина, како надлежни институции за водењето на постапката и доделувањето на концесиите за рудници, изјави Стамов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски