Градоначалничката Арифи се сретна со Рикер и со Волерс

Од:

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи денеска се сретна со помошникот на заменикот-државен секретар на САД Филип Рикер и со американскиот амбасадорот во Македонија Пол Волерс.

На средбата, како што информира општина Тетово, се разговарало за политичките случувања, за регионалните процеси на соработка и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури и за подршката на САД  за демократските процеси и сочувањето на мирот и стабилноста во регионот.

Арифи информирала за активностите што ќе се  преземат со цел јакнење на локалната демократија преку модернизација на општинската администрација и зголемување на нивото на транспарентност и отчет за работата на локалните власти и јавните претпријатија.

На средбата се разговарало и за предизвиците на Тетово и за активностите кои се планираат за забрзување на динамиката на инфраструктурниот, економскиот и културниот развој на Тетово и за поддршката што САД  ја нуди преку програмите на развој на едниниците на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски