„Градиме иднина“ викендов продолжува со доизградбата на куќата за велешкото семејство

Од:

Здружението за заштита, помош и унапредување на статусот на маргинализирани групи граѓани „Градиме иднина“ денеска и утре ќе продолжи со градежните работи на куќата на шестчленото семејство Давчевски од Велес.

Како што соопшти, ќе се досредува кровот со поставување на вториот дел летви, ќе се малтерисува и ќе се ставаат керамиди.

Во понеделник и вторник ќе се малтерисува машински целата куќа и ќе се поставува влезна врата.

За натамошните градежни работи Здружението дополнително ќе информира.
Доизградбата на куќата почна минатата недела со поставување електрична инсталација, одвод и довод на вода, а вчера беше поставен и кровот за 12 работни часа.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза