Градежни активности за уредување на кејот на Охридското Езеро во Пештани

Од:

Претставници на повеќе служби на охридската локална самоуправа, предводени од градоначалникот Никола Бакрачески, како и на месната заедница на селото Пештани, денеска извршија увид во градежните активности за уредување на кејот на познатата туристичка населба на источниот брег на Охридското Езеро.

– Од она што може да се види, привршуваат активностите за уредување на кејот. Потпорниот ѕид е изграден, следуваат инфраструктурни и активности за хортикултурно уредување, со што Пештани ќе добие убаво уредено шеталиште покрај езерото, рече Бакрачески.

Задоволни се и жителите на Пештани, кои се надеваат дека локалната самоуправа ќе помогне во решавање и на останатите проблеми со кои се соочува населението во месната заедница.

– Задоволни сме од изградбата на потпорниот ѕид, одамна ова го баравме поради поплавите кои се случуваа. Очекуваме од локалната самоуправа да се уреди и плажата во Пештани, да се обезбедат чамците, изјави Љубе Бубески од месната заедница.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија