Градежни активности во штипската населба Ново село

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска ја посети населбата Ново Село, каде деновиве се одвиваат повеќе градежни активности. Во рамки на посетата тој изјави дека после години на негрижа и занемарување, конечно се посветува внимание на овој дел од градот, преку одржување на постоечката инфраструктура.

„Се уредува дворното место на ПУ „Ванчо Прќе“ и клон „Росица“ на градинката „Вера Циривири Трена“, со тоа што моментално се врши расчистување на теренот со палнирање и валирање. Предвидено е за десет работни дена да се изгради плато и пристапна патека од павер елементи со вкупна површина од 150 m2. Тоа ќе придонесе за подобар визуелен лик на ова дворно место, но и поголема безбедност на децата, на родителите и на наставниците коишто работат овде. За оваа активност обезбедени се 200.000 денари од буџетот на Општина Штип, а е реализирана од страна на ЈП „Стипион 2011“, рече Бочварски.

Додаде дека освен уредувањето на дворното место на подрачното училиште, во населбата Ново село деновиве се реализираат и други активности поврзани со уредување на речното корито на река Брегалница од страна на екипите на ЈП „Исар“. Бочварски истакна дека пред неколку години во повеќе наврати се случувало овој дел да се поплави заради немарност и неодржување на коритото на реката, така што со ова уредување се работи не само на естетскиот изглед на коритото, туку и на безбедносните димензии за жителите и објектите во овој дел од градот.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски