Битолчанецот Никола К. роден 1970 година, попладнево го загуби животот при пад од станбен објект во кој бил ангажиран како градежен работник.
– Веднаш по дојавата за несреќен случај во населбата „Областа“, испративме стручни екипи, а на местото на настанот пристигнаа медицински лица и истражен судија.
Смртта на Никола К. (1970 г.) од Битола е констатирана на лице место, а се случи пред една од зградите во населбата, информираа од СВР-Битола.
Во моментов се врши обдукција по наредба на истражен судија.