Град Скопје: Жерновски продолжува да се занимава со политички маркетинг во отсуство на реални проекти

Од:

„Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, продолжува да се занимава со политички маркетинг во отсуство на реални проекти за подобрување на животот на жителите на Центар.

Да потсетиме, Градот Скопје, по барање на ДГ Бетон АД Скопје за издавање решение за изградба на настрешница во функција на објект со група на класа на намени Б-Комерцијални и деловни намени, со основна класа на намени Б4-Деловни дејности и Б5-Хотелски комплекси, издава Решение за одобрување на барањето со број 15/13-2287 од 26.02.2015 година.

Целокупната постапка е во согласност со Закон и во целосна надлежност на Град Скопје.

Ова барање е одобрено врз основа на член 73, став 1, алинеја 14 и член 74, став 1 од Законот за градење, а во врска со член 205, став 1 и член 209 од Законот за општа управна постапка.

Сакаме да го потсетиме градоначалникот Жерновски дека во овој случај не станува збор за урбана опрема туку за настрешница на објект за која е издадено решение согласно со законските прописи во Република Македонија.

За жал, Андреј Жерновски не ги познава надлежностите на институцијата на која е градоначалник и уште еднаш го повикуваме да изврши увид во целата документација, а општинските инспектори да постат согласно на законот.

Сакаме да го информираме господин Жерновски дека Градот Скопје нема градежна инспекција и дека нема надлежност да врши увид на објекти“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он