Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Од:

Град Скопје се приклучи кон кривичната пријава на Општина Аеродром и поднесе кривична пријава против Јулијана Спироска претседател на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина, информираат од Градот Скопје.

Од Град Скопје во пријавата наведуваат дека во периодот од 2022 година до денес, било констатирано дека поради активности на Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, претпријатието континуирано не ја спроведува својата основна дејност, односно одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје. Во соопштението се прикачени и двете објави на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на социјалната мрежа Фејбук од пред некој ден и од јуни годинава кои се однесуваат на Спировска.

Град Скопје поднесе кривична пријава против Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за загрозување на животната средина бидејќи поради неа и нејзините политички мотивирани опструкции повеќе од 3 години претпријатието е нефункционално, се наведува во објавата.

Од таму информираат дека за целата состојба Град Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за загрозување на животната средина.

„Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина, а за истото баш и е гајле на Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, се вели во објавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Претходно, општина Аеродром наведе дека е поднесена кривична пријава против Комунална Хигиена.

-Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности: чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад. Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање. За целата состојба поднесовме и кривична пријава до МВР и Основното јавно обвинителство за загрозување на животната средина. Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина, наведоа од општината.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие