Град Скопје: СДСМ повторно изнесува полувистини и ги извртува фактите

Од:

„Во отсуство на конкретни и реално остварливи проекти кои треба институционално да се реализираат, СДСМ повторно реагира преку изнесување на полувистини и извртување на фактите.

Изминатата 2014 година беше успешна година за Градот Скопје, кога на територијата на градот се реализираа голем број на капитални инфраструктурни проекти, каде како најголеми може да се издвојат:

  • Проширување и реконструкција на првиот дел од улицата Трета македонска бригада
  • Започна проширувањето на третиот дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов;
  • Започна проширувањето на улицата Јордан Мијалков;
  • Започна изградбата на најголемиот кружен тек во Скопје на булеварот Партизански одреди, кај Порта Влае;
  • Реконструкција на сите средни училишта кои се во надлежност на Градот Скопје

Ова се големи инфраструктурни проекти кои значително ќе го подобрат животот на жителите на Скопје. Ова се проекти кои минатите раководства на СДСМ не можеа ниту да ги замислат, а кога денес истите се реализираат истите ги омаловажуваат и карактеризираат како “тековно одржување на градот”, се вели во реакцијата на Град Скопје на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите