Град Скопје по реакцијата на Министерство за транспорт: Бочварски да одговори зошто потпишал без наша согласност

Од:

Реакцијата на Министерството за транспорт и врски уште еднаш докажува дека во Македонија ниту владее, ниту пак има изгледи правото да завладее во догледна иднина.

Благој Бочварски, поставен за министер за транспорт и врски во владата на Зоран Заев со денешната реакција дополнително го потврди сомнежот дека зад ДУП-от во општина Ѓорче Петров со кој се предвидува изградба на преку 50 станбени згради со површина од 240.000м2 и три индустриски деловни објекти од хемиската индустрија на површина од 157.000м2 се кријат коруптивни и криминални интереси.

Иако се повикува на закон, Бочварски како министер за транспорт и врски би требало да знае дека за да стави параф на согласност на ДУП во Градот Скопје МОРА односно е неопходно да добие и согласност на конечен предлог ДУП од страна на град Скопје.

Дополнително, Бочварски треба да одговори зошто при барање за одобрување на ДУП-ови од страна на други општини во град Скопје, министерството ги препраќа да достават два, три или повеќе пати согласност од градот Скопје и не им издал одобрение, но истото не го направил и за овој ДУП од Ѓорче Петров?

Бочварски треба да одговори и зошто не постапил согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој во член 36 став еден децидно вели дека согласност од Град Скопје е неопходно да биде обезбедена пред министерството да ја даде својата согласност?

Бочварски исто така треба да одговори зошто се повикува на непостоечка одредба за наводни рокови, во обид да ги оправда своите постапки и лажно да ги претстави како исправни, а зошто во случаи со ДУП-ови од други општини каде што неговите диригенти Заев и Мицкоски немаат интерес, не постапил на истиот начин?

На крајот, одговорност мора да има.

Градот Скопје нема да дозволи ваков нелегален план да стане реалност, пишува во реакцијата на Град Скопје на соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Онколошките пациенти од Истокот нема да плаќаат 320 денари за патарини, најави Бочварски

A1on

Бочварски: Кичево-Охрид ќе се заврши, но од извештајот на ревизијата зависи дали тоа ќе биде „Синоходро“

A1on

До крај на октомври ќе се вози на десната лента на автопатот Катланово-Петровец

A1on

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

A1on