Град Скопје ќе постави девет стреи на пешачки острови низ метрполата

Од:

Со цел намалување на ефектот на „Урбаните топлотни острови“, Град Скопје во соработка со УНДП почнува со реализација на проект за изготвување и поставување заштитни стреи на девет утврдени пешачки острови низ Скопје. Поставувањето на заштитните стреи на пешачките острови ќе обезбедат заштитни сенки од топлина за пешаците и велосипедистите.

Од Град Скопје информираат дека голем дел од пешачките острови на подрачјето на Скопје, со направени претходни студии се мапирани како места кај кои има зголемен ефект на урбани топлотни острови.

-Градот Скопје изминатиов период изврши мерења со користење термална камера во три дневни интервали на повеќе локации, а според резултатите утврдени се најтоплите девет точки кај кои ефектот на урбаните топлотни острови е најголем. Највисоките температури согласно мерењата на овие 9 локации се движат меѓу 50 и 55 степени целзиусови, а највисоката температура од 60,3 степени е измерена на крстосницата кај објектот на Делегацијата на ЕУ во Центар, појаснуваат од Градот.

За изработката на проектната документација, во Буџетот на Град Скопје за оваа година се превидени 10.000 евра, а за реализацијата на проектот се предвидени дополнителни 30.000 евра.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања