Град Скопје им забрани на борците да маршираат

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска-Арсовска” position=”Автор”][/staff]Град Скопје на борците од НОБ им забрани да маршираат на плоштадот во Скопје. Град Скопје во дописот до Сојузот на борци пишува дека одржувањето на маршот на борците се совпаѓа со други претходно планирани активности на плоштадот.

Претседателот на градскиот одбор на Сојузот на борците Трајко Стаматовски за А1 вели дека ова е тенденциозна и намерно донесена одлука за да не се одржи маршот.

„Град Скопје го разгледа барањето и го одлучи следното, поради тоа одржувањето на митингот се поклопувал со терминот на други претходно договорени активности на плоштадот Град Скопје, нема да можеле позитивно да одговорат на нашето барање. Ние го поднесовме 20 дена претходно барањети и секој ден бевме таму. Ни кажаа дека треба да платиме, со што се согласивме. Ова значи дека немало никакви закажани активности претходно и само бараа начин како да не спречат во одржувањето на маршот“, рече Стаматовски.

Од Сојузот на борците велат дека ништо нема да ги спречи да го одат февруарскиот марш за да го изразат својот став и револт кон игнорантскиот однос на власта кон нив и да маршираат за слобода и демократија.

Povik za Fevruarski marsh

Би можело да ве интересира

Во Сирија до сега загинале 93 косовски државјани, таму се наоѓаат уште 65 лица

Сојуз на борци: Безбедносниот систем на државата е во целосен распад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Борците бараат Коце Трајановски да го врати споменикот на паднатите скопјани

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Борците дискриминирани, власта се плаши од вистината

Ана Ололовска

За Сојузот на борци нема место во одбележувањето на 11 октомври

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поддршка од борците за Жерновски

Ана Ололовска

13 comments

Jone 15/02/2013 - 17:03 at 17:03

Забрана за борците – веќе ништо не може да не изненади од луѓето од оваа власт, ни самите не знаат каква мизерија се!

Reply
keti 15/02/2013 - 17:05 at 17:05

e vie vmorovci koga se rodivte?posle 2000 g kolku sto gledam site ste ucele za vreme na socijalizmot,a sega vie borci metla vo raka ne ste zele,a komoli puska,sram da mu e na gradonacalnikot.Dali nekoj znae sto pravat vmorovcite po tribinite,citaat pesni i se karaat,za toa trosat narodni pari,borcite bile edni i takvi ke ostanat.

Reply
jas od doma 15/02/2013 - 17:16 at 17:16

Kulminacija na FASIZMOT

Reply
Srefan od Ohrid 15/02/2013 - 17:18 at 17:18

Абре луѓе, градската власт на град Скопје – главниот град на Република Македонија за кого работи? За одбрана на фашизмот или за одбрана на слободарските придобивки од големата победа на антифашистичката коалиција во која беа и македонските борци за слобода?! Знае ли Коце Трајаноски, човекот кој случајно се нашол на местото градоначалник дека, Република Македонија е создадена токму во текот на НОАВМ 1941-1945 година, на Второто заседание на АСНОМ, на Илинден 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчињски?! Ако знае, (а, сигурен сум дека знае), тогаш, за кого работи како градоначалник на главниот град Скопје? Или се едно му е што се става на страната на оние што, по секоја цена, сакаатда ја омаловажат НОБ 1941-1945 – единствената успешна борба на Македонскиот народ и народностите во која е дефинитивно ослободена Македонија од поробувачите и е создадена единствената држава која и денес постои – Република Македонија! Затоа, Коце свести се што правиш. Македонија нити почнала со тебе, нити ќе заврши со тебе. А, срамот кој го предизвикуваш со чинот на забрана на користење на плоштадот за мирна манифестација на Сојузот на борците вечно ќе те прогонува и тебе и Република Македонија…

Reply
Dobromir 15/02/2013 - 17:46 at 17:46

Ијас би дошол ака до вечер 15.02.2013 год до 18 часот и 18 минути објавите дека на чело своје колоне има да јаше друг Бранко Црвенковски,затоа што тој е единствен и најдобар стучњак за расипување на забави во оваа наша напатена земја…да,да со него да ти е милина да расипуаш забави…

Reply
Janez 15/02/2013 - 21:43 at 21:43

Ти мора да си од фамилијата,што 1941 со цвеќе и радост ги дочекале Бугарските ослободители.

Reply
Само еден е зборот 15/02/2013 - 18:32 at 18:32

Фашисти.

Reply
Патриот 15/02/2013 - 19:37 at 19:37

Оваа власт го допре дното. Изгубија контакт со реалноста. ,,ВО БОРБА, ВО БОРБА, МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ…..,,

Reply
або 15/02/2013 - 20:11 at 20:11

Ова веќе многу смрди, премногу.

Reply
сашо 15/02/2013 - 23:24 at 23:24

Имат ли памет овие властодршци? На Александров му креват споменици и се прават недоветни, незнаеле на кого личи, а на нашите ослободители и на плоштад им забранија да го одбележат славниот фебруарски поход. Замислете, наместо да ги подржи во прославата Коцекабана им барал пари. Па имат ли трошка совест во тие „лејки“ што ги носат на рамена.СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Reply
struzanec 15/02/2013 - 23:44 at 23:44

dodeka nekoj kakase vo peleni(da nesmenam koj)nekoj vo sekakvi uslovi lete ili zime se borese za ovaa drzava da bide drzava ,pa sega tie nemoralnite mu zabranuvaat koristenje na plostad na istite tie ludje sto ne napravija da bideme slobodni ludje a ne necii robovi, mojot dedo bese vo logor vo sofija zaroben od istite tie ludje sto denes se prestavuvaat kako vlast vo makedonija i koi sto go prenatrupaa plostadot so bugarski heroii ,smrt na fasizmot sloboda na narodot

Reply
Менде 16/02/2013 - 11:06 at 11:06

Е кутра Македонијо што дочека.Тие што по прв пат во историјата ти донесоа слобода која се славеше и на местото на кое сега не им дозволуваат на ослободителите мирно да си го изразат гневот од игнорантскиот став на власта премма тие што се „виновни„ оти денска имамаат држава со која прават што сакаат.
Нека е вечна Македонија,до борците еден голем поздрав и честитки за храброста и во НОБ и денес.

Reply
Avion Orev 16/02/2013 - 15:30 at 15:30

Колку години имаат бе овие борци? 70 години од НОБ се поминати. Да не биле во Baby-Squad тогаш?

Reply

Leave a Comment

twenty − 11 =