Град Скопје: Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите

Од:

Правото и слободата на говорот и јавното информирање е прво и основно правило на демократијата, се разбира само тогаш кога ова право не се злоупотребува како инструмент на политички и лични интереси и во свесно ширење на лаги и дезинформации, се вели во денешната реакција на Град Скопје.

„Го осудуваме секое насилство кон новинарите, но и насилството од новинарите. Апелираме Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ како и Македонската асоцијација на новинари-МАН сериозно и детално да ги разгледаат сите факти во врска со обвинувањата на репортерот Мартин Арсов, како и да го преиспитаат неговото членство во еснафските организации чии етички кодекси во целост беа прекршени од негова страна во текот на вчерашниот ден“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања