Град Скопје: Дрвото кај судска палата се очекува да чини 5.000 денари

Од:

„Град Скопје ги демантира неточни наслови и информации пренесени од некои медиуми во врска со цената на дрвото Гинко што ќе биде поставено на местото каде беше т.н. споменик од Ќосето, пред Судската палата во Скопје.

Посаденото дрво ќе биде дел од вкупната набавка за разеленување на главниот град, а само тој садник се очекува да чини околку 5000 денари. Со планираната акција за разеленување на град Скопје, предвидени се буџетски средства за набавка на околу 10 000 дрвја од различен вид, коишто ќе бидат садници постари од 6 години и не пониски од 3 и пол метри, а истите ќе бидат и мапирани.

На денешна прес-конференција, градоначалникот Шилегов најави дека засаденото дрво ќе биде посветено на човековите права со изгравирана плочка донирана од збратимениот град Нирнберг на која ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации во кој стои „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.

Како дополнителна информација, Гинко (науч. Ginkgo biloba) е листопадно дрво кое во својот животен век може да расте и до 40 метри со густо разгранета крошна во пирамидален облик што се одликува со голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, радијација, инсекти итн.).

Toa е едно од најистражуваните дрва во светот со голем број научни трудови за него. Големиот интерес за гинкото произлегува оттаму што му се припишуваат голем број лековити својства“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија