Гостиварец силувал малолетната девојка, партнерка на негов роднина

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 31-годишен гостиварец за кривично дело – силување.

Обвинетиот на 27 јули со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години. Оштетената, инаку невенчана сопруга на братучед на обвинетиот, за цело време давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија, соопшти ЈО.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски