Гостиварец се заканувал дека ќе ги заколе сопругата и трите деца

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството постапува по кривична пријава против 43-годишниот гостиварец, кој во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно.

На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија и се заканил дека „сите дома ќе ги заколе“. Полициските службеници, вршејќи проверки по пријавените закани, констатирале дека осомничениот и претходно е пријавуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за загрозување на сигурноста и телесна повреда при семејно насилство, па од тие причини станува збор за сериозни закани спрема оштетените.

Осомничениот е лишен од слобода, а надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасноста тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Би можело да ве интересира

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Пукање од автомобил во скопски Центар