Гостиварец се бори за живот по пад од втор кат

Од:

Педесет и две годишен гостиварец се здобил со тешки повреди по паѓање од станот во кој живеел во близина на Долна Бањица. Тој вчера околу 15 часот бил донесен во гостиварската болница со повреди на телото, од каде заради животно загрозувачката состојба е пренесен на скопските клиники.

Според СВР Тетово, екипа за увид и јавен обвинител излегле на местото каде што Ц.Н. паднал. Од се уште неутврдени причини тој паднал од вториот кат на зградата во која живеел во близина на Долна Бањица. Во моментот на падот, тој бил сам дома и се истражува како дошло до несреќата.

Според последните информации, несреќниот маж се наоѓа во критична состојба.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он