Четриесет и тригодишен гостиварец, синоќа бил погоден во гради од заталкан куршум, информираат од СВР Тетово. Заради тежината на раната тој е префрлен и опериран на скопските клиники.
Срѓан Н. додека со неговото семејство бил на гости кај пријатели во дворот на куќата на ул. „Никола Тесла“ бр. 9 почувствувал болка во градите и почнал да крвари. Со помош на сопругата и пријателите тој бил пренесен во гостиварската болница каде лекарите констирале прострелна рана од огнено оружје, но заради опасност од комликации тој бил префлен за Скопје.
По извршенот увид екипа од ПС-Гостивар, констатирано дека повредата настанала од заскитан куршум.
Вчера вечер во гостиварско регистрирани се и две оштетувања на автомобили и еден покрив куќа на различни локации низ градот.
Според првичните сознанија на полицијата, најверојатно станува збор за заталкани куршуми испукани на свадбени веселби.
По две години кога беа ранети четири лица на веселба во гостиварска Долна Бањица, ова е прв потежок инцидент предизвикан од неконтролирано пукање на семејни веселби.