Гостиварец починал од повреди во сообраќајка кај Скудриње

Од:

Шеесет и четири годишен гостиварец го загубил животот од повреди задобиени во сообраќајна несреќа која синоќа се случи на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови. Во несреќата полесно е повредено ушто едно лице.

Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила околу 23 часот во близина на месноста „скудрињски продавници“ при што дошло до директен судар на два автомобили, „опел-астра“ со гостиварски регистарски ознаки која управувал З.Л (64) и „БМВ“ со струшки ознаки која ја управувал дебранецот Е.И. (24).

Од силината на ударот, возачот на „опелот“ задобил скршеници и други повреди по телото, по што како итен случај од дебарската болница бил испратен за болницата „Св Еразмо“ во Охрид, но по пат, гостиварецот починал.

На местото на несреќата, увид по овластување на јавен обвинител извршила екипа од полициската станица Гостивар, по што ќе се утврдуваат причините и околностите поради кои дошло до несреќата.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски