Гостиварец обвинет за телесна повреда при семејно насилство

Од:

На 2 мај, по претходна вербална расправија преку мобилен телефон, 44-годишен гостиварец во близина на гостиварската болница со автомобилот пресретнал жена со која бил во врска.

Жената се движела пеш и одбила да влезе во неговото возило, по што тој физички ја нападнал, ја влечел за коса и ја удирал со рацете по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала на земја, па обвинетиот продолжил да ја удира со нога во пределот на стомакот и ребрата, нанесувајќи и повеќе телесни повреди.​​

Поради ова основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе oбвинителен предлог против 44-годишен жител на гостиварско Долна Бањица кој при вршење семејно насилство сторил кривично дело телесна повреда.

Би можело да ве интересира

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Кривична пријава за таткото на Меланија за семејно насилство