Гостиварец на Табановце се обидел да прошверцува 1.000 антиген тестови на Ковид-19

Од:

При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 информираат од Царинската управа.

– На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот „Дурмо турс“ од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000,00 денари, се вели во соопштението од Царина.

Од таму информираа и дека стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски

МВР уапси возач од Шведска на „Табановце“ – возел 175 км на час каде што е дозволено 80

А1он

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР